Денес со во рамките 29 коло во Премиер лигата својот натпревар го одиграа екипите на Брајтон и Арсенал.
Ова коло не донесе ништо ново кога во прашање е Арсенал и Арсен Венгер. Имено, Брајтон им нанесе нов пораз на „топчиите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Уште на самиот старт стана јасно дека Арсенал ќе има големи проблеми и на оваа средба. Данк уште во седмата минута успеа да погоди и да донесе предност за домаќинот. После само нешто повеќе од дваесетина минута. Мареј по асистенцијата на Грос погодува за веќе солидна предност на Брајтон од 2:0.
Арсенал до намалување на водството на противникот успеа да стигне во 43 минута и тоа преку новото засилување Пјер-Емерик Обамејанг.
Во вториот дел Арсенал не успеа да го пронајде патот до мрежата на Брајтон, па домаќинот запиша големи три боди. Може да се каже и дека во една ситуација главниот судија му прогледа низ прсти на Сеад Колашинац кој после невнимателниот старт над Скелото можеше да заработи втор жолт картон и исклучување.
„Топчиите“ по ова коло остануваат на шестата позиција со пет бода повеќе од Барнли, додека Брајтон се наоѓа на средина на табелата.