Дома Фудбал Англија Видео: Навивачите го распнаа Ибра, „Бескорисен си“, „Мртов лав“, „Заминувај“!

Видео: Навивачите го распнаа Ибра, „Бескорисен си“, „Мртов лав“, „Заминувај“!

Второлигашот Бристол изминатата вечер приреди вистинска сензација во четвртфиналето од Лига купот, совладувајќи го Манчестер Јунајтед со 2:1.

Иако Жозе Мурињо на теренот испрати прилично силен состав, „ѓаволите“ се прикажаа во навистина бледо издание.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Навивачите целосно беа разочарани од настапот на Златан Ибрахимовиќ, Маркус Рашфорд, Ентони Марсијал и Пол Погба, најголемите ѕвезди кои вчера заиграа против второлигашот.

„Златан постигна гол, но одигра навистина лошо. Беше само сенка на стариот Ибра. Очаен беше со топка и грешеше скоро во се што ќе се обидеше да направи“, пишува „ЕСПН“.

Иначе, Ибрахимовиќ  против Бристол го постигна првиот гол откако се врати на терените после паузата од осум месеци. Доби прилика од првата минута, но навивачите сметаат дека 36 годишниот напаѓач повеќе не може да одигра цел натпревар на високо ниво.

„Мртов лав“, „Лавовите не губат од Бристол“, „Бескорисен си“, „Засрамете се“, „Очајната игра на Златан покажа колку важен за нас е Лукаку“, „Заминувај“, гласеа само некои од коментарите на навивачите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Еден штрајкува да си замине од Њукасл, друг да дојде во Њукасл

Парадокс во Премиер лигата. Еден фудбалер штрајкува да си замине од Њукасл, друг штрајкува…