Лацио и Аталанта одиграа „луд“ натпревар на Олимпико, кој на крајот заврши без победник со резултат 3:3.
Гостите од Бергамо комплетно доминираа во првото полувреме и имаа водство од 3:0. Луис Муриел во 24 и 29 минута погоди за 2:0, а Гомез пред полувремето зголеми на 3:0.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Во второто полувреме гледавме неверојатно враќање на Лацио. Најпрво Имобиле намали за 3:1, а потоа Кореа во 70-та минута ја врати надежта на домаќините, а Имобиле со вториот гол во 92. минута ги постави конечните 3-3.