Во попладневните мечеви од Серија А римските клубови дојдоа до нови победи, додека Фиорентина беше поразена на гостувањето кај Верона.
Рома на Олимпико ја пречека Бреша и се „разбуди“ дури во второто полувреме. Во второто полувреме беа постигнати дури шест гола, но три беа поништени од страна на ВАР.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Смолинг го отвори резултатот, а потоа Манчини и Џеко ги поставија конечните 3:0.
Лацио дојде до трите бода против Сасуоло со гол во 92-та минута. Најпрво Имобиле погоди за водство, но домаќините во првото полувреме израмнија на 1:1. Каиседо во судиското продолжение постигна гола за победа од 2:1.
На последниот меч од 15 часот, Верона оствари голема победа над Фиорентина со 1:0