Дома Фудбал Видео: „Кралевите“ тешко до победа против Малага, Роналдо промаши пенал, па се поправи

Видео: „Кралевите“ тешко до победа против Малага, Роналдо промаши пенал, па се поправи

Реал Мадрид во рамките од 13 коло во Премиер лигата потешко од очекувањата стигна до победа над Малага од 3:2.

На стартот од средбата не се насетуваше дека „кралевите“ ќе имаат проблеми во денешниот натпревар. Карим Бензема го искористи одличниот скок на Роналдо кој ја погоди пречката, па одбиената топка ја смести во мрежата на гостите.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Иако Малага не создаваше шанси пред голот на домаќинот сепак успеа да стигне до погодок за израмнување. Лошото додавање на Тони Крос го искористи Ролан кој во 18 минута од средбата изедначи на 1:1. Само три минути подоцна Касемиро повторно ги врати „кралевите“ во водство.

Малага во финишот од полувремето постигна и погодок за изедначување, но главниот судија на натпреварот го поништи овој погодок. Останува нејасно дали сметаше дека има прекршок во напад или пак досуди крај на полувремето.

Гостите сепак успеаа да стигнат до изедначување. Кастро во 58 минута со одличен удар изедначи на 2:2. Реал до голот за победа дојде во 76 минута и тоа преку Роналдо кој по промашениот пенал успеа да ја смести топката во мрежата на домаќините за три бода на својот тим.

Овој погодок за Роналдо беше само втор оваа сезона во домашното првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола се изввини за своето однесување по поразот од Њукасл: Се чувствувам непријатно и засрамено

Менаџерот на Манчестер Сити Жозеп Гвардиола потврди дека екипата моментално го заборави по…