Дома Фудбал Видео: „Кралевите“ конечно заиграа „кралски“, Ла Коруња испратена со „седумка“, маестрален гол на Бејл

Видео: „Кралевите“ конечно заиграа „кралски“, Ла Коруња испратена со „седумка“, маестрален гол на Бејл

Реал Мадрид во голем стил ја запиша првата победа во 2018 година.

Ла Коруња прва дојде до водство кон средината на првиот дел, Адријан беше стрелец. Во овој момент веројатно многумина очекуваа продолжување на црната серија на Реал Мадрид, но во продолжение „кралевите“ започнаа да го „мелат“ противникот.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Десет минути подоцна Начо изедначи, а до крајот на полувремето Реал успеа да дојде и до пресврт, Марсело проби по левата страна, центрираше, топката стигна до Бејл, а Велшанецот со одличен удар успеа да зголеми на 2:1.

Во вториот дел следуваше вистинска рапсодија на домаќините, Герет Бејл, Лука Модриќ, Кристиано Роналдо и Начо се погрижија Реал да дојде до убедлива победа од огромни 7:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола: Нема подобар противник од Ливерпул за мојот натпревар бр.1000

Менаџерот на Манчестер Сити Хосеп Гвардиола ќе го прослави својот натпревар бр.1000 во тре…