Aнгличаните се и понатаму шокирани од вчерашната победа на Црвена Звезда против Ливерпул, но освен лошата игра на тимот, навивачите на „црвените“ не се задоволни од одлуката на Џејмс Милнер пред почетокот на натпреварот.
Изгледа неверојатно, но на најжестоките навивачи на Ливерпул никако не им се допадна тоа што Милнер при фрлањето паричка ја одбра сината, место црвената боја.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јасно е за што се работи – сината боја е симбол на омразениот ривал на Ливерпул, Евертон. Англичаните прочитале од устата на Милнер дека на стартот од натпреварот од судијата Лахоз ја „побарал“ сината страна.
На видеото на друштвените под име „моментот кога се тргна во надолна линија“ кое е поставено од навивач на Ливерпул има стотина коментари со жестоки критики кон Милнер. Се издвојува еден кој вели: „Бил Шенкли веднаш би го продал поради ова!
Легендарниот тренер на Ливерпул е познат по изјавите поврзани за ривалитетот со Еверон, а една од најпознатите гласи: Ако Евертон игра во мојот двор, јас би ги спуштил завесите.
https://youtu.be/W0kCQd0GZCc
The moment it went wrong pic.twitter.com/iDv2pmKtFH
— Best of Football (@BestofFootball8) November 6, 2018