Дома Фудбал Италија Видео: Игуаин незадржлив, Лацио подобар од Фиорентина

Видео: Игуаин незадржлив, Лацио подобар од Фиорентина

Во попладневните мечеви во Серија А Милан, Лацио и Сампдорија запишаа важни победи.

„Росонерите“ на крилјата на Гонзало Игуаин без поголеми проблеми го совладаа Киево. Аргентинецот постигна два гола во првото полувреме и ова беше негов 5-ти натпревар со ред на кој постигнува гол.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Бонавентура во вториот дел зголеми на 3:0, а Пелисие го постигна почесниот гол за „магарињата“. Маестрална партија одигра и Сусо кој запиша три асистенции.

Лацио оствари важна победа против Фиорентина со голот на Имобиле, додека Сампдорија исто така со 1:0 славеше на гостувањето кај Аталанта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Еден штрајкува да си замине од Њукасл, друг да дојде во Њукасл

Парадокс во Премиер лигата. Еден фудбалер штрајкува да си замине од Њукасл, друг штрајкува…