Моментот на одлука падна после катастрофална грешка, Германија го освои Купот на Конфедерациите после Светското првенство во 2014 година.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Германците до водство стигнаа брзо, после 20 минути игра, а тој погодок се покажа како решавачки. Дијаз направи огромна грешка, Вернер му ја одзема топката го проигра Штиндл на кој не му беше тешко да погоди за 0:1.
Чилеанците имаа повеќе од играта создаваа повеќе шанси, но Германците на голот го имаа одличниот Тер-Штеген.
До крајот резултатот не се промени, па актуелниот светски шампион во значително изменет состав стигна до титулата на овој турнир.