Дома Останати Кошарка НБА Видео: Вестрбрук блесна и броеше до 51, прва победа за ГС

Видео: Вестрбрук блесна и броеше до 51, прва победа за ГС


Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓



Расел Вестбрук одигра фантастичен меч и со 51 поен и трипл-дабл учинок беше главен играч во победата на Оклахома над Феникс, прв триумф забележа Голден стејт кој со 122-114 го совлада Њу Орлеанс на негов терен.

Плејмејкерот на Тандер постигна 51 поен, 13 скока и 10 асистенции во победата над Феникс од 113-110 по продолжение. Домашната екипа се врати од негатива од дури 18 поени, за на крај да ја забележи втората победа во сезоната. Ова достигнување на Вестбрук не е видено во НБА од 1975 година, кога Карим Абдул-Џабар оствари „трипл-дабл“ со 50 поени.

Дејвис постигна 45 поени за Њу Орлеанс но тоа не помогна неговиот тим да избегне пораз од Голден Стејт. Кевин Дуарнт со 30 поени беше најефикасен во победничкиот тим.

До триумф дојде и Кливленд кој со 94:91 победи на гостувањето кај Торонто. Ирвинг со 26 и Леброн Џејмс со 21 беа најефикасни во составот на Кавалирс.

Резултати:
Торонто – Кливленд 91:94
Бруклин – Индијана 103:94
Детроит – Орландо 108:82
Мајами – Шарлот 91:97
Оклахома – Феникс 113:110
Далас – Хјустон 98:106
Јута – ЛА Лејкерс 96:89
Њу Орлеанс – Голден стејт 114-122

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Ѓоковиќ после убедливата победа испрати моќна порака

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓ Новаќ Ѓоковиќ супериорно славеше во првото коло на …