Кошаркарите на Њујорк никс загубија од Њу Орлеанс со убедливи 96-110, во еден од највозбудливите НБА мечеви синоќа, а индивидуално се истакнаа Карл-Ентони Таунс, Расел Вестбрук и Ентони Дејвис.
Ентони Дејвис беше прво име на натпреварот и крај своето име запиша 40 поени и 18 скокови. Со овој учинок Дејвис е првиот во историјата што стигнал до 40 поени и над 15 скока за помалку од 30 минути.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вестбрук беше на чекор до нов трипл дабл, тој ја предводеше Оклахома до победата над Чикаго 109:94. Рас мечот го заврши со 21 поен, 9 скокови и 14 асистенции. На спортивната страна Двејн Вејд постигна 22 поени, но целосно потфрли Џими Батлер кој постигна само еден поен.
Минесота славеше над Далас 101:92 благодарение на Карл-Ентони Таунс кој мечот го заврши со 34 поени, 11 скокови, 4 асистенции и 3 блокади. Поранешниот играч на Голден Стејт Херисон Барнс со 30 поени го предводеше Далас во чии редови ветаранот Дирк Новицки постигна 26 поени.