Дома Останати Кошарка Видео: Бостон на чекор до финале на Истокот!

Видео: Бостон на чекор до финале на Истокот!

Бостон Селтикс поведе со 3-2 во полуфиналната серија на Истокот, откако во петтиот меч славеше над Вашингтон Визардс 123-101.

Тимската игра, која особено беше изразена во првиот период, му ја донесе на Бостон победа во петтиот меч од полуфиналната серија со Вашингтон. Домаќинот со серија 16-0 ја презеде контролата врз натпреварот уште од почетокот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ејвери Бредли со личен плејоф рекорд, 29 поени, го предводеше Бостон до третата победа во оваа серија. Одличен меч за Селтикси одиграа Ал Хорфорд (19 поени, 6 скока, 7 асистенции), односно Ајзеа Томас и Џае Краудер кои постигнаа по 18 кошеви.

Вашингтон вообичаено го предводеа Џон Вол и Бредли Бил, овојпат со 21, односно 16 кошеви.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Еден од најдобрите кошаркари во светот го удри Јокиќ по меѓуножјето (Видео)

Со поразот од Детроит Пистонс на гости (124:121), Денвер Нагетс се најдоа во серија на неу…