Дома Фудбал Видео: Барса со двајца играчи повеќе загуби во Билбао!

Видео: Барса со двајца играчи повеќе загуби во Билбао!

Атлетик Билбао славеше над Барселона со 2:1, во првиот осминафинален натпревар во Купот на Кралот.

Барселона со најсилниот состав и со двајца играчи повеќе, колку што имаше во последните десет минути, не успеа да го избегне поразот на „Сан Мамес“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Атлетик во средишницата од првото полувреме постигна два гола и стигна до убедлива предност. Најпрвин ветеранот Адуриз, а потоа и Инаки Вилијамс го совладаа Тер Штеген.

Барса се врати во мечот со голот на Меси од слободен удар во 52-та минута. До крајот Барселона не успеа да ја искористи предноста, кога Атлетик најпрвин остана без Раул Гарсија, а потоа и без Итураспе. Меси во последните секунди го погоди дирекот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси сака да се раздели со уште десетина играчи до затворањето на прозорецот

Челси веќе продаде речиси цел тим за вкупна сума над 200 милиони фунти, но клубот ќе напра…