Италијанските медиуми пренесуваат дека Артуро Видал ќе го напушти Интер после само една сезона.
Видал оваа сезона одигра 30 натпревари за миланскиот клуб, но во последно време е во втор план кај Антонио Конте кој почна да му дава повеќе шанса на Ериксен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кориере дело Спорт“ пишува дека Интер е спремен да го пушти Видал. Како главна причина се наведува договорот за платата која треба му се зголеми од пет на шест ипол милиони евра.
За Чилеанецот интерес покажуваат Марсеј и Галатасарај, но тешко дека овие клубови можат да му ја гарантираат платата која ја добива во Интер.