Дома Фудбал Видал го напушти тренингот на Барселона кога слушна дека нема да биде стартер

Видал го напушти тренингот на Барселона кога слушна дека нема да биде стартер

Откако дозна дека нема да биде во стратниот состав за „Ел Класико“, Артуро Видал демонстративно го напуштил тренингот на Барселона, пренесува „ЕСПН“.

Обично, 32-годишниот Чилеанец останува подолго на тренинзите, но овој пат „полудел“ кога разбрал дека нема да биде во стартниот состав за дербито.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Неколку играчи се обиделе да го утешат, но Видал не се смирил и го напуштил тренингот.

Оваа ситуација може може да ја искористи и тренерот на Интер, Антонио Конте, кој веќе подолг период е заинтересиран за Видал, па во јануари можат да тргнат со преговори за негов трансфер.

Видал минатиот месец изјави дека не се чувствува важен во Барселона и дека е време да ја промени средината, а оваа ситуација може да ја „прелие чашата“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Таткото на Белингем се карал со директорот на Борусија откако неговиот син бил заменет на полувремето

Марк Белингам во саботата дојде од Англија за да го гледа дебито на син му во Бундеслигата…