Дома Трансфер зона Вејн Руни и официјално го менува клубот во следните 36 часа!

Вејн Руни и официјално го менува клубот во следните 36 часа!

Вејн Руни ќе го напушти Евертон и тоа е јасно веќе подолго време.

Попладнево реномираниот „Скај Спорт“ открива и кога ветеранот и официјално ќе го напушти „Гудисон Парк“. Според „Скај Спорт“, Руни ќе го напушти Евертон и ќе потпише за американскиот ДЦ Јунајтед во следите 36 часа.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Двата клуба веќе постигнаа договор за трансфер на 32 годишниот фудбалер.

Се чекаше напаѓачот да добие виза и работна дозвола и според информациите Руни обезбедил се што е потребно и наскоро ќе ја започне новата авантура.

Во договорот помеѓу Евертон и ДЦ Јунајтед има ставка според која фудбалерот ќе се врати во клубот по завршувањето на кариерата како тренер.

Руни во својата 16 годишна кариера во Премиер лигата каде што го носеше дресот на Еверон и Манчестер Јунајтед настапи на 557 натпревари и постигна 253 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…