Дома Фудбал Англија Вејн Руни доби отказ

Вејн Руни доби отказ

Легендата на Манчестер Јунајтед и поранешен англиски репрезентативец, Вејн Руни повеќе не е тренер на екипата на Бирмингем која се натпреварува во Чемпионшип.

Управата на овој тим официјално потврди дека Руни добил отказ поради лошите резултати. Ваквиот расплет беше и очекуван бидејќи кога Руни седна на клупата тимот беше петти со амбиции за промоција во Премиер лигата, но сега е дури на 20-тата позиција.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„За жал работата со Руни не одеше според планот и одлучивме да одиме во друга насока“, стои во клупското соопштение.

Кариерата како тренер Руни ја започна во 2020 година како тренер на Дерби каде што се задржа две години, потоа во САД го водеше Ди-Си Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челси го доведе пред шест месеци, а сега го продава откако одигра само 22 минути

Само шест месеци по трансферот на Матијас Амугу во клубот за 15 милиони евра од Сент-Етјен…