![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2018/01/big_1516137553-west-ham-ne-zeli-pustiti-carrolla-u-chelsea-850x491.jpg)
Од трансферот на Енди Керол во Челси нема да биде ништо. Сините се во потрага по напаѓач во зимскиот преоден рок, а медиумите во Англија изминатите неколку дена пишуваа дека на радарот на Конте е 29. годишниот член на Вест Хем, Енди Керол.
Сепак од сето тоа нема да биде ништо, бидејќи „Чеканите“ не сакаат да го пуштат својот напаѓач на Стемфорд Бриџ. Тоа го потврди и помошниот тренер на клубот Алан Ирвин.
Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓
„Ние не сме добиле никаква понуда за него, а клубот и така не сака да го пушти, посебно не на позајмица. Таквата ситуација на нас нема да ни помогне, а во позиција сме да ни е потребна апсолутно секаква помош па не знам зошто би го пуштиле да оди.“ – изјави Ирвин.
Керол во досегашниот дел од сезоната одигра 12 натпревари за Вест Хем, постигна два погодоци, а на своето конто има и една асистенција.