Дома Фудбал Германија Вернер пред трансфер на Островот: Нема да игра за Лајпциг во Лига на шампиони

Вернер пред трансфер на Островот: Нема да игра за Лајпциг во Лига на шампиони

Изминатите денови медиумите пренесоа дека Челзи успеал да го „украде“ Тимо Вернер пред носот на Ливерпул и трансферот е пред реализација.

Челзи одлучи да ја активира откупната клаузила на Вернер која изнесува 60 милиони евра и да го донесат на „Стенфорд Бриџ“.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Трансферот официјално не е потврден бидејќи Челзи пред да ја плати клаузулата сака Вернер да ги помине деталните лекарски прегледи, а тоа ќе се случи во следните недели.

Угледниот весник „Билд“ пренесува дека Вернер веќе донел одлука за трансферот, па нема да биде во тимот на Лајпциг за Лигата на шампиони.

Лајпциг се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампиони која оваа година ќе се доигра во август, но Вернер тогаш веќе ќе биде играч на Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Анчелоти ќе добие понуда која не се одбива, следува голем потпис!

Карло Анчелоти влегува во златниот период на својата тренерска кариера и се чини дека нема…