Дома Останати Кошарка НБА Вембанјама блесна во полн сјај, Сан Антионо и вторпат го победи Феникс

Вембанјама блесна во полн сјај, Сан Антионо и вторпат го победи Феникс

Феникс Санс и Сан Антонио изминатата вечер го одиграа најдобриот натпревар во НБА, а дефинитивно ова беше еден од најдобрите и во последните години.

Двете екипи се сретнаа вторпат во период од три дена, а и на оваа средба како гости сега славеа Сан Антонио Спарс со 121:132.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Сан Антоно имаше водство скоро цел натпревар, натпреварот го отворија со 13:0. Нивното највисоко водство достигна 27 поени разлика (55:28). Феникс не се предаваше израмни и на 116:116, но тука следуваше серија на Сан Антонио од 12:0.

Посебено одличен беше Виктор Вембанјама кој натпреварот го заврши со 38 поени и 10 скока за 34 минути поминати на паркетот. На Девин Букер му недостасуваше само еден скок за трипл-дабл (9), а додаде 31 поен и 13 асистенции.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Филаделфија – Торонто 114-99

Њу Орлеанс – Детроит 125-116

Јута – Орландо 113-115

Феникс – Сан Антонио 121-132

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…