Дома Фудбал Останато Вајналдум со еден „лајк“ го откри новиот клуб📷

Вајналдум со еден „лајк“ го откри новиот клуб📷

Жеоржино Вајналдум ќе го напушти ПСЖ ова лето, а пред неколку дена медиумите објавија дека Холанѓанецот бил понуден на Рома.

ПСЖ сака по секоја цена да се ослободи од Вајналдум и е спремен да го пушти на позајмица, притоа да плаќа дел од неговата плата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во такви услови Рома е заинтересирана да го донесе на едногодишна позајмица и стапила во контакт со неговиот агент.

Рома може да му плаќа половина од платата, односно 4,5 милиони евра, а другата половина да ја добие од ПСЖ. 

Дека Холанѓанецот е навистина блиску до трансфер во Рома открива неговиот потег на социјалните мрежи.

Имено, Вајналдум стегна „лајк“ на фотографија со легендата на Рома, Франческо Тоти и новото засилување на римскиот клуб, Пауло Дибала.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Халанд брутално искрен: Им се извини на навивачите

Боде Глимт вчера го совлада Манчестер Сити на свој терен со 3:1, што беше прва победа на Б…