Дома Македонски спорт Мак фудбал Вардар претстави две нови засилувања!

Вардар претстави две нови засилувања!

0

После Филип Најдовски и Дарко Мицевски, најтрофејниот македонски клуб Вардар донесе уште две нови имиња за новата сезона.

Две годишен договор со Вардар потпиша бразилскиот интернационалец Виктор Нилдо Јуфо. За фудбалерот од средниот ред ова е втор предизвик во Македонија, откако беше дел од Шкендија од 2015 до 2017 година. Последен клуб му е албанскиот Фљамуртари. 25-годишниот фудбалер игра на неколку позиции од средината на теренот.

Момчето родено во Австралија кое има македонско потекло Алекс Талески, стави потпис на двегодишен договор, со можност да биде продолжен на уште една. Станува збор за играч роден 17. јуни 2000 година, и игра во офанзивниот дел од средниот ред.

Коментари
loading...
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

ОФИЦИЈАЛНО : Македонија заедно со Словенија и Црна Гора домаќини на ЕП 2022 во женска конкуренција

Утрово на ЕХФ Конгресот во Глазгов, Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, во име на трите …