Како и што се очекуваше – Вардар нема да патува и во Порто.
Она што вчера беше најавено, денес од Вардар само го потврдија преку соопштение на социјалните мрежи. Соопштението ви го пренесуваме во целост:
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
“Откако беше откажано гостувањето кај ПСЖ планирано за 1 декември поради појава на Ковид-19 меѓу неколку членови на тимот, одложен е и вториот натпревар што требаше да го играме, против Порто на 4 декември во Португалија.Со оглед на тоа што се работи за две врзани гостувања очекувано беше дека и двете гостувања ќе бидат одложени и ќе се бара друг датум на одигрување на натпреварите во согласност со екипите и ЕХФ.По враќањето од Кјелце, Полска каде Вардар 1961 во средата го одигра својот меч од ЕХФ лигата на шампионите, еден наш ракометар се пожали на зголемена телесна температура. Истиот беше тестиран по што беше утврдено дека има позитивен тест.Веднаш беше тестирана целата експедиција што беше во Полска и позитивни тестови имаа уште неколку наши членови. Според протоколите сите ќе бидат во 14 дневна изолација како што е прошишано од здравствените власти.До крајот на првиот дел од сезоната во ЕХФ лигата на шампионите останува според планот да се игра средбата со ПСЖ на 10 декември во Скопје. Одложени се досега четири средби на ВАрдар 1961 во групната фаза од ЕХФ лигата на шампионите: Со Елверум во Скопје, и три гостински натпревари, со ПИК Сегед, ПСЖ и Порто“, стои во соопштението.