Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар повеќе не е во Топ 10 тимови на ЕХФ

Вардар повеќе не е во Топ 10 тимови на ЕХФ

Европскиот шампион Вардар не е веќе меѓу Топ 10 најголеми фаворити во ЛШ за оваа сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


ЕХФ денес го објави најновиот ранкинг на екипите учесници оваа сезона во Лигата на шампионите со најголеми шанси за учество на Фајнал фор турнирот во Келн, но и за титулата.

На прво место е германскиот гигант Кил, па по него следат Барселона и ПСЖ. Место во Топ 10 добија и Алборг, Монпеље, Пик Сегед, Веспрем, Бидасоа, Порто и Динамо.

Најголема причина за падот на Вардар од Топ 10 се големите порази против Кил на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ и Веспрем во Унгарија.

Во моментов Вардар има освоено шест бода и се наоѓа на четвртата позиција во групата, а првопласиран е Кил со девет бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …