В сабота се игра големото македонско ракометно дерби во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, а домаќините како и секогаш во дуелите со Вардар ќе имаат голема поддршка од трибините.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Актуелниот шампион објави дека билетите за дербито се распродадени, па така салата ќе биде исполнета до последното место. Ова значи дека Вардар го чека пеколна атмосфера.
Во плеј-офот Вардар тргнува со три бода од првото место на табелата, додека Еурофарм Пелистер има два. Дербито се игра во терминот од 18:00 часот.