Дома Фудбал Варан му се исмејувал на Алба во „Ел Класико“: Стаорецу, се уште немаш ни возачка!

Варан му се исмејувал на Алба во „Ел Класико“: Стаорецу, се уште немаш ни возачка!

Во средата се одигра големото „Ел Класико“ помеѓу Барселона и Реал Мадрид, како и секогаш после натпреварот излегуваат детали од натпреварот.

Една ситуација се случила помеѓу Рафаел Варан и Жорди Алба.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Французинот имал вербален дуел со шпанскиот фудбалер, а Алба на медиумите им откри и што му кажал Варан.

„Варан во текот на натпреварот ми се внесе во лице и ми кажа: Стаорецу еден, уште немаш ни возачка. Сите мислат дека тој е светец, но ова е неговото вистинско лице“, изјави Алба.

Инаку, Жерар Пике неодамна јавно зборуваше дека Жорди Алба се уште не поседува возачка дозвола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милевски го објави списокот за Летонија и Велс – го нема само Алиоски!

А репрезентацијата на Македонија ќе одигра два натпревари овој месец, контролен меч против…