Дома Фудбал Лига на шампиони Ван дер Сар ги откри двете можни дестинации за капитенот на Ајакс

Ван дер Сар ги откри двете можни дестинации за капитенот на Ајакс

Директорот на Ајакс, Едвин ван дер Сар вчера зборуваше за иднината на капитенот Матијас де Лихт.

Де Лихт и оваа сезона беше вистински предводник на теренот кога е во прашање екипата на Ајакс, со оглед дека има само 19 години, а бројни европски великани ќе се борат за неговиот потпис.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пред неколку недели се зборуваше дека дефанзивецот се договорил со Барселона, но се чини дека од тоа нема ништо. Ван дер Сар откри дека неговиот фудбалер на крајот од оваа сезона ќе го напушти клубот, но името на новиот клуб не го прецизираше.

„Мислам дека ова ќе биде последен натпревар на Де Лихт во Ајакс, а се надевам дека ќе направи нешто големо. Тој е тука од дете. Мислам дека ќе замине во Англија или Шпанија.“ – изјави Ван дер Сар.

Инаку, Ајакс синоќа беше елиминиран од ЛШ после шокантниот пораз од Тотенхем на домашен терен со 3:2, па така Де Лихт остана без првото ЛШ финале во кариерата. Сепак, доколку продолжи вака, сигурно ќе има уште многу шанси како синоќешната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…