Искусниот Луис Ван Гал вчера го започна својот трет мандат на клупата на Холандија, а во тој дуел „лалињата“ одиграа реми со Норвешка 1:1.
Иако Холандија не одигра лош натпревар, Ван Гал беше реален и посочи дека Холандија повеќе не е репрезентација од светска класа, како што можеби се мисли во оваа земја.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Норвешка се бранеше одлично во компактен простор и тоа ни ја отежнуваше играта. Во такви ситуации треба да бидете креативни, а ние не бевме…Губевме топки во непотребни ситуации. Треба да бидеме реални, можеби мислиме дека оваа Холандија се уште е светска класа, но не е така! Норвешка денес одигра навистина добро како тим“, истакна Ван Гал.
Во својата група Г после четири Холандија е втора, меѓутоа разликата од првото до петтото место во групата е само четири бода.