Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Ван Гал: Ова беше мојот последен натпревар

Ван Гал: Ова беше мојот последен натпревар

Холандија остана без селектор, откако Луј Ван Гал си поднесе оставка по поразот на пенали од Аргентина во четвртфиналето на Мундијалот во Катар.

Ван Гал кажа дека е време да си замине од репрезентацијата, која ја предводеше по третпат во неговата богата кариера.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Нема да останам. Ова е мој последен натпревар. Не загубивме ниту еден меч, не знам колку добивме, но може да проверите на ‘Гугл’“, кажа 71-годишниот Ван Гал.

Холандија под негово водство во последниот мандат запиша 16 победи, шест ремија и ниту еден пораз, при што гол-разликата беше 51-17.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Дојде во дрес на Бока меѓу навивачите на Ривер: Погледнете што се случи (Видео)

Ривалството помеѓу навивачите на Бока Јуниорс и Ривер Плејт е познато како едно од најжест…