Утрово во Италија беше објацено дека Интер се договорил со Монако за трансфер на Мауро Икарди.
Новинарот на „РаиСпорт“ Чиро Венерато објави информација во која тврдеше дека после вчерашниот состанок кој го имал Марота со претставници на Монако, постигнале договор со клубот од Кнежеството за трансфер на аргентинскиот напаѓач.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Марота разговарал со генералниот менаџер на Монако, Олег Петров, а висината на трансферот ќе изнесува 60 милиони евра, плус пет милиони евра можни бонуси.
Сепак, Ванда која е сопруга на Икарди и која го застапува, тврди дека Аргентинецот нема да се пресели во Франција.
„Не оди во Монако“, кратко и јасно одговори Ванда на прашањето на од новинарот „TyC Sports“.
Интер повеќе би сакал да го продаде Икарди надвор од Италија, меѓутоа Икарди со своите потези покажува дека е решен да го чека Јувентус.