Агентот и сопругата на Мауро Икарди, Ванда за медиумите зборуваше за неговата иднина во редовите на ПСЖ.
Да потсетиме дека напаѓачот е на позајмица во Париз и всушност се уште е член на Интер, а новинарите нормално се заинтересирани за тоа каква ќе биде неговата судбина на крајот на оваа сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ванда не понуди конкретен одговор.
„Тоа е негова одлука и се уште не е сигурно.“ – изјави Ванда и додаде:
„Тој добро се снаоѓа во Франција и сум многу среќнa поради тоа. Исто така, тука направивме многу пријателства, ќе видиме …“
Инаку, Икарди оваа сезона можеби го игра најдобриот фудбал во неговата кариера. Тој досега има одиграно 18 натпревари за „Светците“ и постигна 14 гола.