Еквадорскиот фудбалер Антонио Валенсија ќе го напушти Манчестер Јунајтед на крајот од оваа сезона и тоа не е некаква новост.
Сепак, новост е дека како што стојат работите кариерата нема да ја продолжи во Европа туку ќе направи трансфер во САД и ќе му се придружи на поранешниот соиграч Вејн Руни, пренесуваат странските медиуми.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ќе потсетиме, неговиот татко пред неколку дена изјави дека опции за неговиот син Арсенал, Вест Хем, Интер и еден клуб од Кина, но изгледа дека од тоа нема да има ништо.
Валенсија „лајкна“ и сподели Твит на кој пишува дека ова лето ќе и се придружи на екипата на Ди-Си Јунајтед со кој ќе потпише двегодишен договор.
Секако, тоа не мора ништо да значи, но сосема сигурно е дека Валенсија ова не го направил без причина и дека големи се шансите тоа навистина да се случи.
Инаку, Валенсија е во Јунајтед од 2009 година кога дојде како замена за Кристиано Роналдо, а во последните три години беше преместен од позицијата десно крило на позицијата десен бек.
Manchester United (@ManUtd) RB Antonio Valencia (@anto_v25) liking a tweet about him potentially making a 2 year move to #DCU ?? pic.twitter.com/f8fhYcuVTn
— DMV Soccer (@DMVSoccer96) April 8, 2019
Во својата кариера Валенсија освен што настапуваше за Манчестер Јунајтед го носеше дресот на Ел Национал, Виљареал, Рекреативо и Виган.