Дома Трансфер зона Валверде одбира засилувања, еден е веќе сигурен на „Камп Ноу“

Валверде одбира засилувања, еден е веќе сигурен на „Камп Ноу“

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде ќе се обиде во јануари дополнително да го засили тимот.

Каталонскиот гигант оваа сезона има доста проблеми во дефанзивата. Валверде не е задоволен од игрите на стоперската линија и во јануари ќе се обиде дополнително да го засили составот со неколку нови фудбалери.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Речиси сигурно засилување е Колумбиецот, Јери Мина. Со фудбалерот на бразилскиот Палмеирас наводно се е договорено и тој ќе стане нов член на Барса.

Валверде нема да застане само со него. Сака да доведе уште еден стопер, а кандидати за таа позиција има повеќе. Главната желба е фудбалерот на Наполи, Калиду Кулибали, додека кандидати се и двајцата млади француски стопери, 18-годишниот Дан Загаду од Борусија Дортмунд и 20-годишниот Муктар Дијакаби од Лион.

Она што е сигурно е дека не чека уште еден „топол“ трансфер период, иако трансферите ќе се направт во студените јануарски денови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Екс-дефанзивец на Челзи му порача на Палмер: Оди во Барселона!

Кол Палмер е еден од најважните фудбалери на Челзи, така беше минатата сезона, така е и со…