Искусниот стратег се уште не го продолжил договорот (актуелниот му истекува на крајот од сезоната), но според информациите на Шпанците тој нема да замине затоа што има огромна поддршка од Лионел Меси.
Според шпански „АС“ новиот договор на Валверде е само прашање на време.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно, Меси е воодушевен од начинот на кој Валверде го води тимот. Тоа се гледа и по бројките кои ги бележи Аргентинецот кој оваа сезона успеа да постигне 21 погодок.
„Тој е тренерот кој му даде најголем мир на Меси. Аргентинецот имаше одлична соработка со Гвардиола, Рајкард и Виланова, но односот со Меси е навистина посебен“, тврди „АС“ повикувајќи се на извор од соблекувалната на Барселона.
Интересно е што Ернесто Валверде засега не се огласил кога е новиот договор во прашање. Шпанските медиуми истакнуваат дека заситеноста и исцрпеноста можат да влијаат на тоа Валверде да не остане на „Ноу Камп“.