Дома Трансфер зона Ваков Баерн би бил страв и трепет: Позната листата на желби на Тухел

Ваков Баерн би бил страв и трепет: Позната листата на желби на Тухел

Баерн Минхен би можел да остане без трофеј оваа сезона, а тоа може да го натера Томас Тухел да да биде активен во летниот преоден рок.

Германскиот „Билд“ пишува за потенцијалните мети на Баерн и тие навистина изгледаат застрашувачки. Според информациите, првата желба е Даклан Рајс кој би бил замена ако Џошуа Кимих замина.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тухел го сакаше Рајс и додека беше тренер на Челзи, но Вест Хем тогаш успеа да го задржи. Неговата цена е минимум 100 милиони евра, меѓутоа во Баерн наводно се спремни да ја платат.

Една од причините поради која можат да си дозволат да платат 100 милиони евра е што вториот играч за врска би пристигнал бесплатно – Адриен Рабио! Французинот станува слободен на крајот од сезоната. Јувентус како што стојат работите по најновата казна ќе остане без пласман во Лигата на шампионите, па Рабио не сака да го продолжи договорот. Баерн во него гледа одлично решение во ротацијата.

Од вчера исто така се споменува и дека Жил Кунде е незадоволен во Барселона затоа што не сака да игра како десен бек. На сите им е добро познато колку Тухел се обидуваше да го доведе Челзи. Во Баерн Кунде би се вратил на неговата омилена, стоперска позиција.

На позицијата „деветка“ тука се Рендал Коло Муани и Хари Кејн. Французинот сака да го напушти Ајнтрахт и неговата цена исто така е 100 милиони евра, додека Кејн влегува во последната година од договорот и Тотенхем не би можел да бара премногу.

Сепак, тие не се последна мета, се споменува уште и Хулијан Алварез. Фантастичниот Аргентинец е резерва на Халанд во Манчестер Сити и со минутите кои ги доби докажа дека заслужува повеќе да игра. Меѓутоа Пеп Гвардиола сигурно не сака да се откаже од него, па во овој момент не изгледа дека е реална опција за германскиот гигант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус договори уште едно големо засилување

Јувентус е еден од најактивните клубови на трансфер пазарот, а италијанските медиуми прене…