Дома Фудбал Вакво нешто на Барселона не и се случило шест години!

Вакво нешто на Барселона не и се случило шест години!

Барселона денес одигра лош натпревар и не успеа да го „скрши мразот“ на Гетафе кој извлече 0:0.

Токму првото полувреме во овој натпревар беше најлошото на Барселона во последните шест години

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Имено, Меси и друштвото во првите 45 минути не успеаа да упатат ниту еден удар во рамките на гостинскиот гол.

Последен клуб кој успеал да ја задржи Барселона без удар во рамките на голот во првото полувреме е Реал Мадрид и тоа се случи во 2012 година.

Против Гетафе првиот удар кон рамките од голот Барселона го упати на стартот на вториот дел.

Да потсетиме со ова реми, Атлетико после натпреварите од 23 коло ќе остане на седум бода од Каталонците што им дава мала надеж за жестока борба за титулата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона сака да го откупи Рашфорд за 30 милиони евра

Изгледа дека Маркус Рашфорд ги задоволи челниците на Барселона и тренерот Ханси Флик. Пора…