Дома Останати Вака изгледа АТП листата која ја предводи Мари

Вака изгледа АТП листата која ја предводи Мари

Британецот Енди Мари официјално е новиот број 1 во светскиот тенис, објави АТП. На најновата листа на тениските професионалци Роџер Федерер испадна од Топ 10, тој се наоѓа на 16-та позиција.

Британецот е 26-от број 1 во Опен ерата, а воедно е и вториот највозрасен играч (29 години) по Џон Њукомб кој се искачил на првата позиција на АТП листата.

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Мари е прв пред Новак Ѓоковиќ кој на првата позиција се наоѓаше без прекин од 7 јули 2014 година (122 недели).

Зад водечкиот тандем се наоѓаат Стан Вавринка, Милош Раониќ и Кеи Нишикори. Во првите десет уште се и Гаел Монфилс и Марин Чилиќ кои ги бележат најдобрите пласмани во кариерата, односно Рафаел Надал, Доминик Тим и Томаш Бердих.

Осовјувачот на 17 грен слем титули, најмногу во тениската историја, Роџер Федерер, испадна од Топ 10 и се наоѓа на 16-то место на АТП листата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Познат е терминот за четвртфиналето на Ѓоковиќ, но дали воопшто ќе се одигра?

Новак Ѓоковиќ со сигурна победа против Лоренцо Музети се пласираше во четвртфиналето на ма…