Легендарниот голман на Јувентус Џанлуиџи Буфон призна дека на два пати во минатото бил на чекор од заминвуање од Јувентус.
Буфон во Јувентус пристигна во 2001 година од редовите на Парма, а „старата дама“ не ја напушти ниту кога беше исфрлена во Серија Б. Сепак, признава дека два пати размислувал за заминување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„На два пати малку недостасуваше да го напуштам клубот. Тоа беше времето кога не знаев што значи да си дел од овој клуб. Забележав дека работите одат во погрешен правец и дека морам да прифатам одговорност во спротивно можеше да стане полошо. Но во тие моменти за моја среќа судбината ја одигра својата улога и останав тука“, изјави Буфон.
Договорот на Буфон со Јувентус истекува на крајот од сезоната. Кога во прашање е нов договор или завршување на кариерата, се уште не потврдиле ништо ниту Буфон, ниту Јувентус.