Дома Фудбал Италија Буфон никогаш не бил толку лут во соблекувалната

Буфон никогаш не бил толку лут во соблекувалната

Фудбалерите на Јувентус минатиот викенд беа поразени на домашен терен од Наполи (0:1) во големото дерби на 34. коло во Серија А.

Старата дама пред своите навивачи доживеа неочекуван пораз со гол во 90. минута и сега има само еден бод повеќе од Наполитанците. За Наполи ова може да биде историска победа бидејќи се многу близу до освојување на Скудето за прв пат после скоро 30 години.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека атмосферата од соблекувалната на Јувентус после натпреварот била ужасна и многу биле изненадени од реакцијата на Џиџи Буфон. Наводно, голманот на Јувентус бил лут на своите соиграчи, а посебно на Бенатија.

Буфон на овој дефанзивец му рекол дека можел подобро да реагира при голот на гостите, а многумина биле изненадени од капитенот поради тоа што скоро никогаш го немале видено во таква ситуација. Јасно е дека Џиџи сака со нова титула првак во Италија да замине во пензија и соиграчите мора тоа да го испочитуваат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Гарначо ставен на трансфер листа, сигурно го напушта „Олд Трафорд“

Алехандро Гарначо сигурно ќе го напушти Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок, пренесу…