Напаѓачот на Фулам, Александар Митровиќ е казнет со осум натпревари суспензија поради инцидентот од ФА Купот помеѓу Манчестер Јунајтед и Фулам.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Српскиот фудбалер остро му приговори на судијата Крис Кавана, а потоа го оттурна и доби црвен картон.
ФА немаше милост и му изрече драконска казна од 8 натпревари суспензија. Ова е една од најстрогите казни во фудбалот, а многумина ја споредуваат со казната што ја доби Суарез кога расно го навредуваше Патрис Евра.
Казнет е и менаџерот на Фулам, Марко Силва, кој ќе мора да пропушти два меча.