Дома Останати Кошарка Бронзата за Канада, САД останаа без медал

Бронзата за Канада, САД останаа без медал

Репрезентацијата на Канада ја победи селекцијата на САД во малото финале на Светското првенство со 127-118 по продолженија.

Канада подобро го почна мечот, уште во текот на првата четвртина дојде до високи 13 поени разлика, Американците се вратија, во средина на вториот период го свртеа резултатот и поведоа со 40-36, а на полувремето се замина со предност на Канаѓаните од 58-56.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Американците потоа во финишот на регуларниот дел стигнаа до 111-111 и изборија продолженија, каде што Канаѓаните беа подобри.

Дилон Брукс и Шај Гилџус-Александер заедно постигнаа повеќе од половина поени за Канада, односно вкупно 70 поени.

Брукс го заврши натпреварот со 39 поени, четири скокови и пет асистенции, а Гилџус-Александер запиша 31 поен, шест скокови и 12 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Попуштија нервите во Белград: Тајрик Џонс сакаше да се тепа со „гробари“! (Видео)

Кошаркарите на Партизан беа разбиени на својот терен од Макаби Тел Авив со резултат од 112…