Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер на лето е спремен да го продаде Марсело Брозовиќ.
Хрватот оваа сезона не е во добра форма и поради повреда често е надвор од терените. Тренерот Инзаги на неговата позиција го стави Чалханоглу, кој одлично го замени Брозовиќ.
Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓
Хрватот е еден од најплатените фудбалери во тимот, има договор до 2026 година, па Интер е спремен да го продаде на лето.
Италијанските медиуми пренесуваат дека најсилен интерес за него покажува Јувентус, а и самиот Брозовиќ сака да остане во Италија.
Интер наводно нема проблем да го продаде Брозовиќ на големиот ривал доколку пристигне добра понуда.