Челзи денес му врачи отказ на Томас Тухел и сега е во потрага по нов тренер, а како фаворит се посочува Грем Потер од Брајтон.




Полседната информација од Островот е дека Брајтон му дал дозвола на „сините“ да започнат преговори со менаџерот, кој е под договор со клубот од 2025 година.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Наводно од Челси веќе стапиле во контакт со него, но на списокот има уште две имиња. Станува збор за Маурисио Покетино и Зинедин Зидан кои се слободни тренери во моментов.




Доколку постигнат договор со Потер, „сините“ ќе мора да платат одредена компензација на Брајтон за раскинување на договорот.




Потер го привлече вниманието на „сините“ со добрите резултати и атрактивниот стил на игра. Тој е на клупата на Брајтон од 2019 година и со него клубот ги имаше двете најдобри сезони во историјата на Премиер лигата.
BREAKING: Brighton have given Chelsea permission to speak to Graham Potter ✅ pic.twitter.com/B6g17mn4UF
— Sky Sports News (@SkySportsNews) September 7, 2022