Дома Фудбал Италија Mилан има „план Б“ за наследник на Пиоли, го сака поранешниот тренер на Челзи

Mилан има „план Б“ за наследник на Пиоли, го сака поранешниот тренер на Челзи

Eкс-тренерот на Челзи и Брајтон, Грем Потер наводно е на списокот на Милан како потенцијален кандидат за наследник на Стефано Пиоли.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пиоли се наоѓа пред отказ по серијата лоши резултати со екипата. Според италијанските медиуми, Милан по крајот на сезоната ќе има нов тренер, меѓутоа од клубот засега демантираат дека ќе се разделат со Пиоли.

Прва желба и понатаму е Антонио Конте кој се уште е без клуб. Ако не успеат да го убедат да дојде во Милан или пак Италијанецот прифати друга понудата, резервна опција бил Потер.

Без ангажман Потер е десет месеци откако доби отказ од Челзи. Имаше понуди го одби Лион, потоа Глазгов Ренџерс и репрезентацијата на Шведска…Се шпекулираше и дека може да биде наследник на Ерик Тен Хаг ако доби отказ во Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Момчето е измамник“: Клубот бара 150 милиони евра, а тој не испрати удар кон голот за време на СП!

Младата ѕвезда Јан Диоманде има разочарувачки настап на Светското првенство. Овој 19-годиш…