Брахим Дијаз ова лето се врати во Реал Мадрид и требаше да биде големо засилување, но може експресно да си замине.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Дијаз блескаше во дресот на „росонерите“, па Реал одлучи да го врати како замена за Асенсио ова лето.
Меѓутоа, Дијаз не се вклопува во системот на игра на Анчелоти и добива мала минутажа, па може експресно да го напушти „кралскиот“ клуб.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал е спремен да го пушти уште во јануари, а најсилен интерес покажуваат клубовите од Премиер лигата.
Дијаз преферира да се врати во Милан, но не исклучува трансфер во Премиер лигата, каде силен интерес за него покажуваат Вест Хем и Асто Вила.