Дома Фудбал Бразил победи убедливо, Переира изведе маестрални „ножичички“ 🎥

Бразил победи убедливо, Переира изведе маестрални „ножичички“ 🎥

Eкипата на Бразил славеше убедлива победа против Перу со 4:0, а посебно внимание од овој натпревар привлече погодокот на Андреас Переира.

Фудбалерот на „Кариоките“ на теренот влезе во 69. минута и само две минути подоцна изведе вистинска магија. По асистенцијата од Енрике, Переира изведе атрактивни ножички и ја смести топката во мрежата.

Овој погодок беше прв за Перира на еден официјален натпревар од квалификациски циклус и вкупно втор во дресот на Бразил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тинејџерите носат бодови, трансферите милиони: Истра гради поинаква фудбалска приказна

Со просечна возраст од само 21,3 години, клубот од Пула е најмлад во хрватското првенство.…