Дома Македонски спорт БРАВО: Македонец на 76-години по шести пат ќе го искачува Мон Блан!

БРАВО: Македонец на 76-години по шести пат ќе го искачува Мон Блан!

Битолчанецот Томе Лозановски летово по шести пат ќе се обиде да го искачи највисокиот врв во Западна Европа, Мон Блан и тоа ќе го направи на 76-годишна возраст, објави порталот „Сакам да кажам“.

Исто така во текстот за Лозановски се наведува дека секој викенд и празник без разлика на временските услови тој со својот пријател Славе Петрески (74 години) го отвораат планинарскиот дом „Неолица“ кој е на надморска височина од 1.440 метри.


Ќе игра ли Елмас против Баерн Минхен!? ↓↓↓


Во поранешна Југославија Лозановски беше познат и како тренер на југословенската екипа на Игри без граници што се одржаа во 1981 во Сандерленд, Англија, а целиот тим беше создаден од битолчани.

Лозановски пет дена во неделата е физички активен. Планинари, преку лето плива, вози велосипед, на зима скија.

Комплетната статија на „Сакам да кажам“ за Лозановски можете да ја прочитате – ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Има ли надеж за ПСЖ? Што се разговарало на вчерашната средба на Мбапе со Макрон и Ал-Тани?

Се надеваа навивачите на ПСЖ можеби дека претседателот на Франција, Емануел Макрон и емиро…