Дома Останати Кошарка НБА Бостон го сруши Мајами за финале против Голден Стејт!

Бостон го сруши Мајами за финале против Голден Стејт!

Бостон успеа да слави против Мајами со резултат 100:96 со што ја доби серијата со 4:3 во финалето на Источната конференција.

За Селтикс ова е прво финале од 2010 година. Од почетокот на мечот Бостон го наметна својот стил на игра и после првиот период веќе имаа солидна предност од 15 поени разлика (32:17). Мајами до крајот на полувремето се доближи до 55:49, но повеќе не можеа.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Пред финишот при предност на Мајами од 13 поени Мајами имаше серија од 11:0, но за повеќе немаа сили. Батлер промаши тројка, а потоа Маркус Смарт од слободни фрлања го реши прашањето на победникот.

Најефикасен кај Бостон беше Џејсoн Татум со 26 поени, Џејлен Браун постигна 24, додека Батлер на спротивната страна постигна 35 поени. Во финалето на НБА Бостон ќе се сретне со екипата на Голден Стејт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…