Дома Останати Кошарка НБА Бостон во финишот го скрши отпорот на Вориорси и поведе во финалето 🎥

Бостон во финишот го скрши отпорот на Вориорси и поведе во финалето 🎥

Бостон славеше во третиот натпревар во финалето на НБА со 116:110 и поведе со 2:1 во серијата.

Отпорот на Вориорсите беше скршен во последната четвртина, Вориорси претходно на два пати се враќаа од двоцифрената предност на Бостон. Лидерите на Бостон беа Браун со 27 поени, Татум со 26 и Смарт со 24 поени. На спротивната Стеф Кари уфрли 31 поен, Томпсон 25.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Во Вориорси сигурно се загрижени и за повредата на Кари кој го напушти мечот на две минути пред крајот. Станува збор за повреда на стапалото, првите информации зборуваат дека не е ништо сериозно, но повеќе ќе се знае после денешните прегледи.

Првата посериозна предност Бостон ја направи на стартот на втората четвртина кога водеа со 17 разлика, Вориорси се вратија во мечот со 10:0 серија. На паузата Бостон водеше со 12 поени, а потоа предовдени од Кари кон средината на третата четвртина се вратија, па и накратко поведоа со 82:83. Сепак, тука заврши нивниот отпор и до крајот Бостон беше подобриот тим и ја однесе победата.

Четвртиот натпревар се игра ноќта од петок кон сабота во три часот по полноќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Дончиќ се расплака, а неговата порака по мечот покажува дека е – господин (Видео)

Лука Дончиќ се расплака и сцената стана вирална низ целиот свет по емотивната вечер во Дал…