Џуд Белингам е еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот, а во неговиот договор со Борусија Дортмунд нема ослободителна клаузула.
Ливерпул, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Челзи се силно заинтересирани за неговиот потпис, а Борусија за неговата слобода на лето ќе бара 150 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Споменатите клубови се спремни да платат 100 милиони евра за англискиот талент, но тоа најверојатно нема да биде доволно, бидејќи Белингам има договор со Борусија Дортмунд до 2025 година.
Шпанските медиуми во претходните месеци шпекулираа дека Белингам ќе биде замена за Лука Модриќ во Реал Мадрид, а последните информации се дека самиот играч преферира преселба во „кралскиот“ клуб.
Сепак, јасно е дека Реал ќе треба добро да го одврзе ќесето за да го добие потписот на англискиот репрезентативец.